Државата да го спаси "Агроплод" од стечај

Bez autora
Jul 28 2011

На ресенски "Агроплод" му се заканува стечај и ликвидација, а 650 вработени ќе останат на улица. "Агроплод" е во тешка финансиска состојба и ставањето на клуч на врата ќе претставува голем проблем за поширокиот преспански регион. Ова, како што информираат од Одборот на директори на Агроплод", е производ на петгодишното крчмење на имотот од страна на "Свислион", кој се покажа како лош инвеститор, и наместо да вложува во компанијата, ја обезвредни. Зад "Свислион" стои името на Родољуб Драшковиќ, кој по истата шема го уништи "Таково" од Горњи Милановац, а деновиве е српските медиуми и јавноста остро го осудуваат за за нелегална приватизација. За состојбата во којашто се наоѓа фирмата од моментот кога во 2006 година е влезен Свислион" д.о.о. Скопје Одборот на директори на Агроплод" а.д. Ресен и извршниот директор Горги Самаровски деновиве детално со писмо го информира и премиерот Никола Груевски.

Државата да го спаси "Агроплод" од стечајНа ресенски "Агроплод" му се заканува стечај и ликвидација, а 650 вработени ќе останат на улица.

"Агроплод" е во тешка финансиска состојба и ставањето на клуч на врата ќе претставува голем проблем за поширокиот преспански регион. Ова, како што информираат од Одборот на директори на "Агроплод", е производ на петгодишното крчмење на имотот од страна на "Свислион", кој се покажа како лош инвеститор, и наместо да вложува во компанијата, ја обезвредни. Зад "Свислион" стои името на Родољуб Драшковиќ, кој по истата шема го уништи Таково" од Горњи Милановац, а деновиве е српските медиуми и јавноста остро го осудуваат за за нелегална приватизација.

За состојбата во којашто се наоѓа фирмата од моментот кога во 2006 година е влезен "Свислион" д.о.о. Скопје Одборот на директори на "Агроплод" а.д. Ресен и извршниот директор Горги Самаровски деновиве детално со писмо го информира и премиерот Никола Груевски.

Тие укажуваат дека спротивно на Законот за трговски друштва и другите придружни закони во државата "Агроплод" по приватизацијата бил поделен на три дела во коишто бил пренесен целокупниот капитал по разни основи со истовремено уништување на целокупната дејност, брендовите на друштвото, а е одземено и материјално-финансиското и комерцијалното работење во земјата и странство. "Свислион" инвестираше во своите нови фирми, а не во "Агроплод".

Во почетокот "Агроплод" бил доминантен во фирмите со околу 85 проценти. Во првото друштво формирано "Свислион" - "Агроплод", "Агроплод" имал 85 проценти, останатите 15% биле поделени на 7,5 отсто на "Свислион" Скопје и "Свислион" Таково - 7,5 отсто. Со овие докапитализации "Свислион" ги одвои овие фирми и стана 80 отсто доминантен сопственик во тие друштва, а со договори за деловно-техничка соработка е доземен имотот на "Агроплод".

Според Ѓорги Китинов, претседател на Одборот на директори на "Агроплод", голготата за фирмата почнува само 14 дена пред изборите во 2006 година кога државата на "Свислион" му продала 25,39 проценти од акционерскиот капитал на Агроплод", но со обврска да вложи во "Агроплод" 7,8 милиони евра до крајот на 2006 година. Китинов во редакција Вечер достави веродостојни документи од коишто се согледува лошата приватизација наа "Агроплод".

Тој уште на стартот интервернирал и укажал дека условите за продажба не се исполнети затоа што капиталот од 10,7 милиони евра на Агроплод" е девалвиран на 4 милиони евра, односно 200 евра по акција. Но, Свислион" заедно со претходниот удел во компанијата од 29 отсто купен од акцинерите, станал доминантен сопственик на Агроплод" со околу 53 проценти. При продажбата е потпишан договор со кој Свислион" требало да инвестира во Агроплод" 7,8 милиони евра до крајот на 2006 година.

- Инвестицијата не беше реализирана, токму затоа со судска разврска договорот беше раскинат дури во 2010 година - вели Китинов и додава дека и покрај тоа последиците останаа нерешени, бидејќи целокупниот капитал на "Агроплод" девалвиран неколку пати беше пренесен на друштвото "Свислион" по разни основи и со таканаречени договори за деловно-техничка соработка. По петгодишна битка по судовите конечно лани државата ги врати назад 25,39 отсто од капиталот на фирмата и потоа е формиран нов одбор на директори. Останатиот капитал од 40 отсто на компанијата е кај другите акционери.

Според него по петгодишно безусловно искористување на капиталот на "Агроплод" и без никаква надокнада по истите на 15 август годинава истекуваат договорите за деловно техничка соработка кои што ако не се продолжат ќе ја загрозат судбината на вработените.

- Акционерот "Свислион" д.о.о. Скопје во моментов поседува околу 30 проценти од ресенскиот комбинат, а располагал со целокупниот капитал кој го прелеал во фирмите-ќерки и владее 100 проценти од истиот, додека другите акционери меѓу кои и РМ со околу 30 проценти немаат ништо и трпат огромни штети - нагласува Китинов. Тој појаснува дека, бидејќи државата го раскина договорот со "Свислион", Драшковиќ ја тужи македонската држава на меѓународен суд сакајќи да докаже дека тој бил жртва и дека бил оштетен за над 20 милиони евра.

Китинов информира дека против нелегалните здружувања и нови фирми се поднесени кривични пријави во Битолскиот кривичен суд против Одборот на директори на "Агроплод" а.д. Ресен и во моментов тие се вештачат, по што се чека и конечна разврска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik